Skip to main content

Пожар во возило кај „Буково“

На 03.12.2021 година во 03 часот, во СВР Охрид пријавенo е дека на магистралниот пат Ресен-Охрид, кај превојот „Буково”, настанал пожар при движење на товарно моторно возило „Ивеко”, со албански национални ознаки, управувано од М.Т.(62) од Прењаз, Република Албанија.

 |   | 

Пожарот, во кој нема повредени лица е изгаснат со интервенција на Територијалната противпожарна единица. Увид извршија полициски екипи – информираат од СВР Охрид.