Skip to main content

22 автобуси упатени на технички преглед во Охрид

На 06.12.2021 година при преземени сообраќајни контроли, полициските службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, контролирале и во станица за технички преглед упатиле 22 автобуси што вршат јавен превоз на патници. 

 |   | 
Јавен превоз

Притоа, кај еден автобус констатиран бил неисправен уред за сопирање поради што, возилото е исклучено од сообраќај, а кон правното и одговорното лице поднесени се соодветна пријава. Во Струга, поради неправилно паркирани и оставени возила на коловоз, со специјално возило „пајак”, подигнати се пет моторни возила, а во Кичево, полициските службеници санкционирале шест пешаци кои, коловозот го преминувале надвор од обележан пешачки премин – информираат од СВР Охрид.