Skip to main content

ФОТО ИЗЛОЖБА И МУЗИЧКИ КОНЦЕРТ ВО ЧЕСТ НА ПАТРОНОТ СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

Во чест на големиот празник посветен на Свети Климент Охридски- Патронот на Охрид, вчеравечер, во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ беше отворена традиционалната 23-та изложба на Фото клуб – Охрид, а во рамки на чествувањата посветени на Свети Климент Охридски, младите таленти од ОУ „Методи Патче“ приредија прекрасен празничен концерт.

 |   | 

Во чест на големиот празник посветен на Свети Климент Охридски- Патронот на Охрид, вчеравечер, во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ беше отворена традиционалната 23-та изложба на Фото клуб – Охрид. На изложбата беа презентирани околу 50 фотографии со најразлична тематика и мотиви, кои се дело на 12 автори.

Покрај многубројните љубители на уметничката фотографија, изложбата ја разгледа и градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков. Тој упати честитки до организаторите на изложбата со надеж дека истата ќе продолжи да се одржува и во иднина.

Во рамки на чествувањата посветени на Свети Климент Охридски, младите таленти од ОУ „Методи Патче“ приредија прекрасен празничен концерт.

На традиционалниот музички настан, кој се одржа во просториите на училиштето присуствуваше секретарот на Општина Охрид, Александар Китески.