Skip to main content

ЈП „Охридски Комуналец“ активно се вклучи во подготовките за Водици

Јавното претпријатие „Охридски Комуналец” активно се вклучува во подготовките за празнување на големиот христијански празник Богојавление – Водици.

 |   | 

Јавното претпријатие „Охридски Комуналец” активно се вклучува во подготовките за празнување на големиот христијански празник Богојавление – Водици.

Нашите оперативни служби темелно го расчистуваат делот од градското пристаниште од каде верниците влегуваат во езерските води по Светиот крст. Ангажирана е и механизација и се расчистуваат наносите од песок, трска и друг вид отпад. Нашето претпријатие секогаш излегува во пресрет во подготовките за празнување на најмасовната црковно-верска манифестација во овој дел од православието по која Охрид стана препознатлив симбол – велат од ЈП „Охридски Комуналец“.