Skip to main content

Запален Василичарски оган под вода во Охрид

Во Музејот на вода нуркачите од Нуркачкиот центар „АМФОРА“од Охрид на атрактивен и за нив препознатлив начин по третпат под вода го запалија традиционалниот василичарски оган со кој ја најавија Стара нова година.

 |   | 

Во Музејот на вода нуркачите од Нуркачкиот центар „АМФОРА“ од Охрид на атрактивен и за нив препознатлив начин по третпат под вода го запалија традиционалниот василичарски оган со кој ја најавија Стара нова година.

Тие за оваа посебна пригода подготвија богата трпеза на која имаше печени колбаси и квалитетно македонско вино.

Со ова нуркачите од АМФОРА на православните христијани им ја честитаат Стара нова година и Василица, како и престојните празници Богојавление Водици и Св. Јован Крстител -денот на рибарите. 
 
Видеото од Василичарскиот оган под вода може да го погледнете на следниот линк