Skip to main content

Поранешна полициска службеничка пронајдена мртва во стан во Охрид

 Безживотно тело на женско лице синоќа е пронајдено во стан на улицата „Сирма Војвода” во Охрид.

 |   | 
полициска лента

 Безживотно тело на женско лице синоќа е пронајдено во стан на улицата „Сирма Војвода” во Охрид.

Според непотврдени официјални информации, станува збор за М.М. поранешна припадничка на полициската служба, на која пред четири години и е прекинат работниот однос поради објавување недолични содржини преку социјалните мрежи.

Причините за настапувањето на смртта односно околностите во врска случајот ќе ги покаже истрагата врз основа на увидот на лице место спроведен уште во текот на вчерашниот ден. По наредба на јавен обвинител телото на починатата е дадено на обдукција.