Skip to main content

Нема траги на насилство врз починатата охриѓанка

Нема траги на насилство врз починатата жена која вчера попладне беше пронајдена во стан во Охрид.

 |   | 

Нема траги на насилство врз починатата жена која вчера попладне беше пронајдена во стан во Охрид. Безживотното тело на 42 годишната М.М.Ш. од Охрид било пронајдено вчера во 15 часот и 45 минути во стан на улица „Сирма Војвода“.

Од извршениот увид, во координација со Јавен обвинител, во присуство на медицински и полициски екипи, како и по извршената обдукција, била констатирана смрт без траги на насилство – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Починатата била поранешна полициска службеничка во СВР Охрид чиј работен однос завршил пред околу 4 години.