Skip to main content

Започнува новата, четврта сезона на националната кампања „Ги запознаваме ретките болести”

На 1. февруари 2022 година започнува новата, 4-та сезона на националната кампања „Ги запознаваме ретките болести”.

 |  Голабовски Крсте  | 

На 1. февруари 2022 година започнува новата, 4-та сезона на националната кампања „Ги запознаваме ретките болести”.

Оваа година, со четвртата сезона, се заокружуваат точно 111 обработени дојагнози, во насока на подобро запознавање на јавноста со ретките болести.Од самиот почеток на кампањата ТВМ телевизијА, е активно вклучена во промоцијата на кампањата.  Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 дена, и оваа година ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести.

Преку соодветни текстови, видео и аудио записи и годинава, од 1. февруари ќе се запознаваме со ретките дијагнози од кои заболуваат граѓаните во нашата земја. Проектот е од информативно  едукативен карактер  на кој  работат видни и афирмирани професори и доктори од целата држава.  

Кампањата за Денот на Ретки Болести е за пошироката јавност, за релевантните институции и секој е добредојден да се приклучи: пациенти и семејства, организации на пациенти, медицински професионалци, истражувачи, фармацевтска индустрија, јавни здравствени институции – колку повеќе не има, толку подобро. Денот на ретките болести е можност за учесниците да бидат дел од глобалниот повик кон креаторите на политики, истражувачите, компаниите и здравствените професионалци повеќе и поефикасно да ги вклучат пациентите во истражувањата за ретки болести.