Skip to main content

Погледнете како ЈП „Охридски Комуналец“ го украси центарот на Охрид за Водици

Екипите на Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ го украсуваа централното градско подрачје во знакот на Богојавленските празнувања.

 |   | 

Екипите на Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ во текот на изминатите неколку денови го чистеа, но и украсуваа централното градско подрачје во знакот на Богојавленските празнувања.

Нивните оперативни служби темелно го расчистија делот од градското пристаниште од каде верниците влегуваат во езерските води по Светиот крст. Ангажирана беше и механизација и се расчистуваа наносите од песок, трска и друг вид отпад.

ЈП „Охридски Комуналец“ секогаш излегува во пресрет во подготовките за празнување на најмасовната црковно-верска манифестација во овој дел од православието по која Охрид стана препознатлив симбол.