Skip to main content

Охрид во знакот на Водици

Се е подготвено за празникот Богојавление Водици. И покрај пандемијата, се очекува голем број верници да го следат осветувањето на водите на Охридското езеро. Од општината и Дебарско-кичевската епархија апелираат посетителите и капачите да ги почитуваат протоколите за заштита од корона вирусот.

 |   | 
Водици

Охрид во знакот на најголемата црковно народна манифестација за празникот Богојавлени Водици. И покрај пандемијата, се очекува голем број верници да го следат осветувањето на водите на Охридското езеро. Од општината и Дебарско-кичевската епархија апелираат посетителите и капачите да ги почитуваат протоколите за заштита од корона вирусот.

Точно во 10 часот од Светилникот на пристаниште Дебарско- Кичевскиот митрополит г. г Тимотеј ќе го положи Светиот крст во водите на Охридското Езеро. 

Богослужбите во охридските парохиски цркви ќе почнат во 7 часот наутро, а литиите од трите цркви „Св. Никола- Геракомија“,  „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ и „Св. Георги од Горна Влашка Мала ќе се сретнат на плоштадот Св. Климент Охридски неколку минути пред 10 часот и ќе се упатат на пристаништето – вели Митко Топенчаров.

Хотелиерите традиционално и годинава нудат дисконт цени и попусти за гостите кои за Водици ќе бидат во Охрид. Интересот не е како во минатите години пред пандемијата.

Хотелиерите како еснаф здружени во нашата асоцијација секогаш сме спремни да излеземе во пресрет на барањата на организаторите за секаков вид прослави секако и оваа година ќе дадеме попусти за време на Богојавление – вели Тоше Чочороски хотелиер.

По положување на крстот и осветување на езерската вода, точно напладне кај месноста „Сараиште“ ќе се одржи свето крштевање, напладне на градскиот плоштад, концерт ќе одржи групата „Љубојна“, а од 9 до 15 часот ќе се одржи традиционалната крводарителска акција.

 

Новинар : Соња Рилковска