Skip to main content

Зголемен бројот на лица со малигни заболувања во Охрид

Зголемен бројот на пациенти со малигни заболувања во Охрид. Загрижувачки е и тоа што има тенденција на намалување и на возрасната граница. Најчести карциноми кои ја напаѓаат и помладата популација се рак на бели дробови и простата.

 |   | 

Расте бројот на пациенти со карцином во Охрид. Загрижувачки е и тоа што има тенденција на намалување и на возрасната граница, со што амбулантите во болничкиот дел се полнат со млади пациенти. Пандемијата го отежна лекувањето и на пациентите со малигни и бенигни заболувања. Причина и кај нив е стравот да одат на редовни контроли во време на коронавирусот. Најчести карциноми кои ја напаѓаат и помладата популација се рак на бели дробови и простата.

Последните години имаме зголемен број на малигни болести од сите области, посебно урологија. Нашето одделение како уролошко стана онкологија. Оперираме само малигни болести. Тоа е огромен товар и за самата болница и за персоналот кој што работи. Посебно Охрид треба да се направи некое истражување има многу карциноми на тестиси, на бешика, на простата, на бубрег. Што дури бев на специјализација пред 20 години беше доста поретко – вели д-р Горан Балески, специјалист уролог и директор на ЈЗУ Општа болница Охрид.

Раното дијагностицирање и третман е клучно за борбата со оваа болест, затоа лекарите апелираат на редовни прегледи. За зголемениот број на малигни заболувања во регионот потребна е дополнителна медицинска студија.

Сега фрекфренцијата и на прегледи како одделение правиме 5000 прегледи во текот на една година. Од тоа огромен број се малигни болести. Возрасната граница итекако е намалена. Ние имавме пациент со тумор на бешика на 25 години што порано не беше случај, тие беа пациенти од 60 до 65 години, кај што се сретнуваа почетни тумори на бешика. Сега имаме изразито млади пациенти и затоа сметам дека треба да се направи студија истражување – додава Балески.

Ракот е втората водечка причина за смрт во светот. Светската стаситика тврди дека 9,6 милиони луѓе умираат од рак секоја година. 70% од смртните случаи од рак се јавуваат во земјите со низок и среден приход. Најмалку една третина од честите форми на рак може да се спречат.

 

Новинар : Соња Рилковска