Skip to main content

Поставен камен-темелник

Поставен камен темелник на нов Деловно-информативен центар на Н.П “Галичица“.

 |  Татјана Мaлeнкова  | 
logo
лого
Поставен камен темелник на нов Деловно-информативен центар на Н.П “Галичица“.
Главен донатор на овој проект е италијанското министерство за надворешни работи. Директорот на НП “Галичица” кажа дека во новиот објект ќе бидат сместени сите културни и природни вредности на Галичица,како и национален ресторан.
Новиот информативен центар е над Билјанини Извори,во близина на Патеката на франкофонијата. Објектот ќе  чини околу 200 илјади евра,а е финансиран од Министерството за надворешни работи на Италија.Помош во неговата изградба даде Владата на Македонија и италијанската невладина организација “Крик”. Италија придонесе со повеќе од милион евра за реализација на овој проект и силно веруваме во можноста за создавање услови за развој на оваа зона, рече Роберто Рицо, прв секретар на Италијанската амбасада.

Јанкулоска,ТрендафиловЦелта на проектот создавање на Трансграничен – Преспа Парк е да се подржи прекуграничната соработка помеѓу НП Галичица и НП Преспа од Р Албанија и локален одржлив развој во заштитените подрачја.
Директорот на национлниот парк рече дека вкупната површина на центарот за посетители треба да биде составен од три објекти, а ќе биде сместен на површна од 1100 метри квадратни. Првиот објект ќе биде наменет за канцеларии на вработените, вториот ќе се користи како центар за посетители, а третиот е предвидено да биде национален ресторан во кој локлното население ќе треба да ги продава производите кои ги има во национлниот парк. Директорот Ангелоски рече дека на три хектари во блзина на Центарот ќе бидат засадени и сите дрва што растат на Галичица, така што посетителите  на Деловно-информативниот центар ќе имаат можност да  видат со какво природно богатство располага оваа планина.


{loadposition content9}