Skip to main content

Oпштина Охрид се дави во долгови, обвинуваат од ВМРО ДПМНЕ

„Темата на денешната прес-конференција е долгот во кој што, буквално, се дави Општина Охрид, но и начините на негово разрешување“, рече кандидатот за градоначалник на на ВМРО ДПМНЕ.

 |  Tатјана Маленкова  | 
logo
лого
„Темата на денешната прес-конференција е долгот во кој што, буквално, се дави Општина Охрид, но и начините на негово разрешување“, рече кандидатот за градоначалник на на ВМРО ДПМНЕ.

„Сите знаеме дека Општина Охрид е прездолжена, нејзиното функционирање е отежнато, најголем дел од плаќањата одат преку цесии и компензации, а за жал за нормално функционирање на општината се користат и сметките на „Комуналец“, „Проаква“ . Јас, заедно со голем тим на експерти од економските и правните науки утврдивме предлог програма за решавање на овој проблем“, рече Трендафилов.

„Втората работа што ќе ја направам е согласно одлуката на Управниот одбор на ЗЕЛС да доставам предлог санациона програма до Министерството за финансии со која што ќе побарам репрограмирање и санација на долгот на општината .Потоа ќе направам се за да воведување на јасен систем на наплата на обврските кон општината, при што примарно место ќе дадам на комуналиите, како и домаќинско прибирање на приходите од сите услужни дејности на општината“, рече Трендафилов. Заедно, продолжи тој  со мојот експертски тим ја разгледувавме можноста Општината да издава општински обврзници.

Cvetkoski i TrendafilovНа денешната пресс конференција пред новинарите се обрати и носителот на советничката листа со број 13 Владо Цветкоски.

„На Охрид му е потребен нов економски импулс за брз развој на општината“, рече Цветкоски.

„Сметам дека најважно е градоначалникот да е од иста политичка провиненција како и владата на Република Македонија.Ако го избереме Кирил Трендафилов и со помош на владата на Р Македонија, ќе можеме да ги реализираме проектите кои се дел од изборната програма на ВМРО ДПМНЕ“, рече Цветкоски.

{loadposition content9}