Јасна победата на СДСМ
„Она што во моментов го прави Трендафилов е само доказ дека се подготвува терен за веќе видено сценарио“, рече кандидатот на СДСМ Александар Петрески, на денешната прес – конференција.
лого

Тој додаде дека не постои ниту една единствена издржана причина за било какво прегласување, освен силната лична амбиција на Трендафилов по секоја цена, да стане градоначалник.
„На сите им е јасно како ден, кој победи на изборите за градоначалник во Охрид. Тоа им е јасно на граѓаните од Охрид, на цела Македонија, на сите претставници од меѓународната заедница. Тоа им е јасно дури и во ДПМНЕ во Охрид, само на Трендафилов не му е јасно“, рече на денешната пресс конференција кандидатот за градоначалник на СДСМ Александар Петрески.
„Јас знам дека тој што губи, има право да се лути. Ама нема право да ги навредува гласачите и повторно да ги нарекува криминогени структури и подземно миље“. рече Петрески.
Повторно со поговорката „ со сила убајна не бидува“ Петрески му порача на Трендафилов да ги научи лекциите по демократија, посебно онаа, како што рече, што му ја одржаа Охриѓани на 5 ти април.
Кандидатот за градоначалник од СДСМ Александар Петрески уште еднаш на денешната прес конференција рече дека очекува Трендафилов да му ја честита победата.

{loadposition content9}