Skip to main content

Регионален натпревар Детски семафор 2009

Можност основците да покажат што научиле во текот на двомесечната подготовка.

 |  Тања Кувенџиска  | 
logo
лого
Се одржа традиционалниот, регионален натпревар – „ Детски семафор 2009“ . Најпрво се изведе теоретски дел од натпреварот во Основното училиште Григор Прличев, а практичниот два часа подоцна, на полигонот за вешто возење на Кеј Маршал Тито, пред хотел Ривиера.

„Ова претставува можност учениците, кои се подготвуваа два месеци, да покажат што научиле од вештините за управување со велосипед“, објаснува Благоја Ристески- наставник по техничко образование во ОУ „ Григор Прличев“.

osnovciРегионалниот натпревар „ Детски семафор 2009“ е во организација на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

„Имаше голем интерес за пријавување на учениците кои беа поделени во две групи“, велли Спирко Николоски- Претседател на Општинскиот совет за безбедност.

Натпреварот го следеше посебна жири комисија , а се одржа според правилата утврдени од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Најдобро пласираните ученици ќе се натпреваруваат на Државниот натпревар „ Детски семафор- 2009“ што ќе се одржи на 15 и 16 мај во струга.      

 

{loadposition content9}