Skip to main content

Се бираат директорите на трите јавни претприајтија

Крајната одлука градоначалникот ќе ја донесе најдоцна за 10 дена.

 |  Тања Кувенџиска  | 
logo
лого
Во текот на оваа недела ќе се разгледуваат поднесените апликации за прв човек на трите јавни претпријатија во Охрид.

Интерес да седнат во директорската фотелја на овие фирми покажаа дел од досегашните извршители на функцијата ВД директор.

Боро Павлоски, се уште актуелниот ВД директор на ЈП Комуналец за ТВМ изјави дека документите за пријавување ги поднел уште во петокот.

Заинтересиран да биде прв човек на МЈП Проаква е и Бранко Трпчески, актуелниот ВД Директор на МЈП Проаква. Доколку тој биде избран да застане на чело на претпријатието, тоа ќе значи откажување од советничката функција поради судир на интереси.

pumpiТВМ стапи во контакт и со ВД директорот на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти Билјанини извори, Иван Цветкоски. Изјави дека не се пријавил на конкурсот поради лични причини. Како што рече Цветкоски, има намера да му се посвети на своето семејство, а според него, првиот човек на јавното претпријатие треба да биде лице- 24 часа посветено на својата професија. 

Како што е познато, конкурсите за избор на директор на трите јавни претпријатија беа отворени на 18 април и траеја заклучно вчерашниот ден.

Градоначалникот Петрески денес ги прими поднесените апликации.  Не информира дека за прв човек на на ЈП Комуналец се пријавиле 3 лица; за директор на МЈП Проаква- има двајца заинтересирани. Исто толку се пријавиле и за директор на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти.
Петрески најави дека конечната одлука ќе ја донесе најдоцна за десет дена.

{loadposition content9}