Skip to main content

Денес се одбележува Светскиот ден на Црвениот крст

Намалувања и спречување на страдањата на луѓето- и понатаму единствена цел на Црвениот крст.

 |  Тања Кувенџиска  | 
биста
bista
Намалувања и спречување на страдањата на луѓето- и понатаму единствена цел на Црвениот крст.

„Тука сме да им помогнеме на сите на кои помошта им е неопходн“, велат волонтерите од општинскиот Црвен крст. „ Наша цел и понатаму ќе биде намалувањето и спречувањето на страдањата на луѓето“ , потенцираат од оваа хуманитарна организација.

proslava8- ми мај, денот кога во 1828 година е роден големиот хуманист и основоположник на идејата за работењето на Црвениот крст, Анри Динан, се одбележува како Светски ден на Црвениот крст. По тој повод, денес, пред бистата на Динан беше положено свежо цвеќе.

„Сакаме уште еднаш да се потсетиме на големиот хуманист Динан кој ја основа оваа организација која сега брои над 130 милиони членови“, потенцира Сашо Точков- претседател на Општинскиот Црвен крст.    

Црвениот крст годинава одбележува три јубилеји: 150 години од битката кај Солферино, 90 години од основањето на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина и 60 години од донесувањето на Женевските конвенции.

 

{loadposition content9}