Skip to main content

Владата ќе размисли дали да го намали ДДВ- то во угостителството

Без намалување на Данокот на додадена вредност не можеме да имаме конкурентни цени во регионот, велат од ХОТАМ.

 |  Тања Кувенџиска  | 
Donco Тaneski
Дончо Танески
Без намалување на Данокот на додадена вредност не можеме да имаме конкурентни цени во регионот, велат од ХОТАМ.  

Од Хотелско- туристичката асоцијација на Македонија потенцираат дека без намалување на Данокот за додадена вредност од 18 на 5% не може да се формираат конкурентни цени во хотелското сместување и продажбата на храна во угостителските објекти. Ваквиот став хотелиерите, во писмена форма, му го соопштија на Министерот за економија, на вчера одржаната средба во Скопје.

Donco Taneski„Со намалувањето на ДДВ- то би се зголемил бруто прометот во хотелите и рестораните“, вели Дончо Танески, претседателот на ХОТАМ.
Хотелиерите од Владата бараат што поскоро да се произнесе по ова прашање.

Од Министерството за економија не ја исклучуваат можноста позитивно да одговорат на барањето на ХОТАМ. Велат дека конечниот одговор ќе го дадат од кога барањето во целост ќе го разгледаат.
Министрите за финансии на земјите на Европската унија, неодамна, им дадоа можност на членките да ја намалат стапката на ДДВ- то за храната и пијалоците во рестораните. Ваквата препорака ЕУ ја донесе за  ублажување на последиците од економската криза.  
Земјите од регионов пак, меѓу кои: Србија, Црна Гора, Бугарија и Хрватска веќе извршија намалување на Данокот на додадена вредност во угостителството со што на туристичките работници од овие земји. Со тоа ним им се даде можност да формираат пониски и поконкурентни цени.

 

{loadposition content9}