Skip to main content

Проект „48 часа чистота“

Раководството на Охридски Комуналец најавува низа активности за почист град.

 |  Татјана Маленкова  | 
Saso Alcev
Сашо Алчев
Од денес ова јавно претпријатие започнува проект 48 часа. Со овие активности, сметот ќе се отстранува по пријава на граѓани, во рок од 48 часа. Охридското јавно претријатие е единствено во регионов кое со овој начин на работа ќе работи по Европски стандарди.

Saso AlcevТуристичкиот бисер на Македонија сеуште неможе да се пофали со завидно ниво на чистота. Уште многу треба да се работи на јавната хигиена во градов. Охрид е чист но секогаш може да биде и почист и поуреден, велат за ТВ М случајни минувачи.

Се работи за проект кој ќе функционира по пријава на граѓани на бројот 265 – 353, во делот на ЈП Комуналец, одделение за  механизација.

„48 часа, значи дека дека по пријавата на граѓани ќе се реагира во рок од 48 часа од пријавата до отстранување на сметот“, вели Алчев.

Доколку се работи за комунален отпад, тогаш ЈП директно ќе реагира и ќе го исчисти, а доколку се работи за друг отпад на лице место излегува комуналната инспекција. Потоа се изготвува работен налог по кој ќе постапуваат службите на Јавното претпријатие, вели Алчев. Ваков начин на работа има во комуналните претпријатија во големите Европски градови. Охридски комуналец е прво јавно претпријатие кое ќе го спроведе овој начин на работење со цел да се зголеми ефикасноста. Со проектот започнуваме од денес, за да имаме поголем ефект, во туристичкава сезона, инаку овој систем ќе функционира преку цела година, вели в.д директорот на ЈП Охридски комуналец.

 


{loadposition content9}