Skip to main content

И по еден месец од конститутивната седница, најава за нова нема

Неофицијално- причина се пазарењата за формирање на мнозинство во советот.

 |  Тања Кувенџиска  | 
logo
лого
Носењето на голем број значајни одлуки за доброто на Охрид ќе причекаат. Кога ќе заседаваат советниците и понатаму останува неизвесно. Актуелниот Претседавач на советот, Драган Пандески, се уште не закажал седница на совет.     

За ТВМ Пандески, најави дека седница ќе има, но не откри кога. Ниту ги отфрли, ниту потврди информациите дека основна причина поради која седница се уште не е закажана, се пазарењата околу формирањето на мнозинство во советот. Неофицијално, Пандески чека да завршат преговорите помеѓу советничките групи, за да ја закаже наредната седница.

sovetИмено, и двете најголеми политички партии се уште ги прават калкулациите како да ги придобијат на своја страна советниците од останатите помали партии. Како што е познато, ВМРО- ДПМНЕ во советот брои 9 свои претставници, додека пак СДСМ 7.  Според тоа, на ДПМНЕ и се потребни уште тројца советници, а на СДСМ петмина за да може непречено да ги носат одлуките во нивни интерес.

Ако не се земе во предвид конститутивната седница одржана на 15 април, на која единствена точка на дневен ред беше верификацијата на мандатите на новите советници, седница на совет не е одржана речиси три месеци. Последната беше на крајот од месец февруари пред почетокот на изборната кампања.

И додека нашите советници се уште се пазарат, советите во повеќето општини во земјава, имаат одржано по две до три седници.   
 

 

{loadposition content9}