Skip to main content

Хепенинг и крводарителска акција во Охрид

Неделата на црвениот крст финишира со Хепенинг и крводарителска акција.

 |  Татјана Маленкова  | 
plazma
плазма
Охриѓани и овојпат во огромен број ја покажаа својата хуманост и желба да се спажи нечиј живот.Свои активности денеска одржа и здружението за борба против хепатит.

„Наш свет, ваш потег“,е мотото на  Хепенингот  и крводарителска акција која денеска се одржа на платото помеѓу Амамот и спортската обложувалница Премиер. Одзивот на крводарителите уште од раните утрински часови поголем и од очекуваното.

akcija„Со овој настан финишираат активностите на одбележувањето на неделата на црвениот крст“, вели претседателот на ОО на Црвениот крст.

Утре во Струга ќе се одржи донаторска конференција, на која ќе присуствуваат конзуларни претставници од неционалните друштва на европските црвени крста. Нивни претставници ќе ги разгледуваат 20 те проекти изготвени од повеќе општински организации од Македонијасо цел  да добијат подршка за реализација на тие проекти.

На партнерската конференција, ОО на Црвениот крст учествува со два проекти. Се надеваме дека тие ќе бидат подржани и во текот на 2010 година ќе бидат реализирани, вели Точков.На денешниот хепенинг активнос имаше и здружението за борба против хепетит.  Во пресрет на 19 мај светскиот ден на хепетитис, се приклучуваме на над 200 здруженија од светот на пациенти болни од хепетитис, вели Царева Рувинова медицинско лице во невладина организација Опција, Охрид.

Денеска како и минатата година стартуваше и акцијата за посреќно детство, со продажбата на учеснички броеви за учество во спортско рекреативната хуманитарна акција, која ќе се одржи на 30 мај. Сораните сретства ќе бидат наменети за децата од социјално загрозаните семејства. 

 

{loadposition content9}