Skip to main content

260 охридски матуранти, на пладне, го играа Штраусовиот валцер „Лилјакот“

По трет пат со парада го одбележаа завршувањето на средното образование.

 |  Тања Кувенџиска  | 
maturanti
матуранти
По трет пат со парада го одбележаа завршувањето на средното образование.

paradaТочно на пладне, 260 охридски матуранти, на градскиот плоштад, играа на музиката од Штраусовиот валцер Лилјакот. Истовремено, на истите звуци, играа и нивните врсници на плоштадите во повеќе од 70 европски градови. По трет пат годинава, охридските средношколци, со парада, го одбележаа завршувањето на средното образование. При тоа, заедно со околу 30. 000 нивни врсници во Европа, се обидоа да постават нов Гинисов рекорд.

„ Во рекордно краток рок, од три недели, матурантите под будното око на професорката Соња Думбалова, се подготвија за да танцуваат на штраусовата музика и учествуваат на парадата“, рече Митре Велјаноски од Локалната самоуправа- Охрид.

Матурантите ги поздрави и градоначалникот Александар Петрески. При тоа, тој истакна дека оваа парада на младоста е најдобрата порака за тоа дека Охрид и неговите граѓани се дел од Европа. „ Вашиот валцер“, рече Петрески, „ и разиграната младост се најубавата порака што можеме да ја испратиме од од историскиот Охрид до пријателите во Европа и светот“ .   
 

 

{loadposition content9}