Skip to main content

Акциите за пошумување, може да бидат поуспешни

Екологистите од „Грашница“ имаат решение со кое владините акции „Засади ја својата иднина“, би биле многу поуспешни.

 |  Татјана Маленкова  | 
Gorgi Zoroski
Ѓорги Зороски
Екологистите од „Грашница“ имаат решение со кое владините акции „Засади ја својата иднина“, би биле многу поуспешни.

Тие контактирале со творецот на акцијата Борис Трајанов, кој е повеќе од расположен за соработка.

Еколошкото друштво Грашница, со полни раце работа. Овој пат нуди решение, со кое зафатеноста на дрвјата кои се садат со владината акција засади ја својата иднина би била многу поголема. Сртамота е на толку многу издвоени пари за нови садници, да отанеме со голи поврини, вели Ѓоко Зороски, од  еколошко друштво Грашница.

ekologistiВо светот многу пред нас ги виделе проблемите со зафатеноста на садниците при пошумувањето.Во контакти со невладини организации од Словачка и Австрија, добивме идеја како да го решиме проблемот кој настанува уште со засадување на леските. Лидер во новите технологии е институтот за пошумување од Словачка кој 8 години прави експерименти со користење на скробни полимери во производството,вели   Зоран Чифлигароски од грашница.

Со нашитиот проект тврдиме дека резултатите ќе бидат повеќе од одлични. Во Србија зафатеноста на садниците беше околу 30 насто, но со ваквиот начин на третирање на расадот зафатеноста е над 70 насто, на садениот матријал, вели Чифлигароски. Творецот на акцијата „Засадија својат иднина“, Борис Трајанов, задоволен од досега спроведените акции.  Дрвцата кои се засадија во ноември и март се многу добро зафатени. Не смееме да дозволиме времето да ни биде сојузник, и да садиме во жешките летни месеци кога постои опсност тие да не се зафатат,поради високите температури и да се исушат, вели Трајанов.

Ги прифаќаме сите идеи кои за среќа доаѓаат од сите страни. Гарантирам дека последните акции се повеќе од успешни. Зафатеноста на засадените дрвца е над 90 насто. Нашата иднина е длабоко засадена. Вели за ТВМ Трајанов.

 

{loadposition content9}