Skip to main content

„Коридор 8 – реалност или утопија“

Поголемиот број на државите во регионот немаат пари за коридорот 8.

 |  Валентина Нелоска  | 
logo
лого
Немаат доволно финасиски средства , поголемиот број од државите во регионот за изградба на Коридорот 8, кој е исклучително важен  за економски развој.  Ова беше потенцирано  на Деветтиот конгрес на меѓународни шпедитери и логистички оператори од Југоисточна Европа што се одржува во Охрид, под мотото „Коридор 8 – реалност или утопија“. Стевица Чарапиќ, претседател  на  групацијата на шпедитери при Стопанската комора на Македонија, истакна дека  Македонската влада во буџетот има издвоено многу мал износ средства за изградба на транспортната инфраструктура. Чарапиќ упати апел сериозно да се отпочне со вложување во коридорот 8.
kongresПретседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, истакна дека економскиот напредок на Балканот не е можен со веќе посточката лоша транспортна инфраструктура. Азески, потенцираше дека мора да се отпочне од себе со капитално инвестирање од буџетот во  насока на изградба на коридорите, посебно на Коридорот 8 кој  е многу значаен за Македонија.
На конгресот, Костас Санделцидис од Турција е избран за нов претседател на Консултативниот комитет на претседателите на националните шпедитерски асоцијации. Тој укажа на духот на шпедитерите од регионот во унапредување на бизнис релациите во регионот и неговоата заложба следните 2 години во таа насока.
Удногласно е усвоена и Декларација во функција на поттикнување на владите на земјите од Југоисточна Европа, во поактивен однос за решавање на отворените прашања што го попречуваат економскиот развој и соработка. На конгресот учествуваат повеќе од 200 претставници од 17 држави.

 

{loadposition content9}