Skip to main content

Велестово- домаќин на првата Ѓомлезијада

Дваесеттина производители ја покажаа мајсторијата во правење на традиционалниот специјалитет.

 |  Тања Кувенџиска  | 
gomleze
ѓомлезе
Бројни гости го исполнаа просторот околу реновираниот Центар за култура во селото Велестово. Некои пеш, некои со автомобил, уште рано изутрина, се упатија кон местото од кое се протега најубавиот поглед на охридската ривиера. Сите со единствена цел- да присуствуваат на првата Ѓомлезијада.

Aleksandar PetreskiДваесеттина производители на ѓомлезе на лице- место ја покажуваа својата вештина во правењето на овој стар специјалитет. Објаснуваат дека за да се направи ѓомлезе потребни се само: брашно, сол, вода и масло. Слободанка Пешликоска, една од производителите, потенцира дека мајсторијата лежи во начинот на приготвување. „ Колку повеќе се печи под сач- толку ѓомлезето ќе биде повкусно“, вели таа.

Градоначалникот Петрески беше ставен на голема мака. Ја предводеше жири- комисијата која имаше тешка задача- да проба од секое и да оцени кое од дваесетте направени ѓомлезиња е највкусно.
Организаторите од Секторот за Локален економски развој повеќе од задоволни. „ Манифестацијата, која се организира за прв пат годинава, го привлече интересот- и на учесниците, но и на гостите“, вели Ѓоко Апостолов.

Жири- комисијата, на производителите на трите највкусни ѓомлезиња им  додели  парични  награди во висина од 10.000, 6000 и 4000 денари.

 



{loadposition content9}