Skip to main content

Македонија ќе биде катастарски евидентирана

Охрид домаќин на Втората регионална конференција за катастар и земјишна администрација.

 |  Лионела Јаковлева  | 
logo
лого
Охрид домаќин на Втората регионална конференција за катастар и земјишна администрација.

 

„До крајот на оваа година речиси целата територија на Република Македонија ќе биде катастарски евиндентирана, а веќе активно се работи на процесот на дигитално поврзување на сите катастри така што граѓаните преку Интернет ќе можат да ги видат своите имотни листи“, рече Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, во поздравното обраќање на втората регионална конференција за катастар и земјишна администрација чиј домаќин е Охрид.

konferencija„Работата на катастарот е еден од клучните фактори за овозможување непречен влез на странски инвестиции и за подобрување на севкупната инвестициска клима во секоја земја, кој истакна дека катастарот во Македонија е лидер во реформите што ги спроведува Владата, во функција на подобар сервис за граѓаните, но и за сите инвеститори“ , изјави Министерот за транспорт.

Mile JanakievskiДиректорот на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, Љупчо Георгиески рече дека оваа конференција е можност за размена на искуства при имплементацијата на модерните европски трендови во областа на земјишната администрација и катастарот. Георгиески додаде дека  најголема заложба на Агенцијата е што повеќе да се евидентира  имотот на граѓаните. До крај на годинава предвидено е тоа да се направи 100%. Досега евидентирани се 87 % од имотот.

На конференцијата на која учествуваат седумдесеттина претставници на катастарски агенции од државите во регионот, како и на Холандија, Шведска и Норвешка, беше констатирано дека Македонија го зазеде високото четврто место помеѓу земјите од регионов според резултатите од спроведените реформи во оваа област.  

{loadposition content9}