Skip to main content

Доделени дипломите на студентите од ФТУ

Дипломите им беа доделени денес, на пригодна свеченост на Плаошник.

 |  Тања Кувнџиска  | 
Sofronija Miladinoski
Софронија Миладиноски
Со пригодна свеченост на Плаошник се одбележа завршувањето на високото образование на 150 млади луѓе од Охрид и земјава. Дипломите им беа доделени во присуство на нивни роднини и пријатели.

diplomciДеканот на Факултетот за туризам и угостителство, Софронија Миладиноски, потенцира дека е задоволен од бројот на дипломирани студенти, кој од година во година бележи пораст. Некогаш тоа беа само 15% од вкупно запишаните студенти, вели Миладиноски, сега годишно дипломираат од 75- 80%.  

Согласно тоа, најголем интерес за упис идните студенти покажуваат за насоките: осигурување, гастрономија, хотелиерство и туризам.
Деканот Миладиноски потенцира дека на охридскиот факултет постојано се зголемува бројот на странски студенти кои се доказ повеќе за тоа дека станува збор за една од најуспешните образовни институции во регионов.

Миладиноски најави дека годинава ќе доцни објавувањето на конкурсот за упис на нови студенти за учебната 2009/ 2010. Причина за тоа е што сеуште се врши усогласување на различните ставови на државата и факултетот околу бројот на студенти, насоките и програмите.

 


{loadposition content9}