Skip to main content

Се помалку зеленило

И по две години, граѓанин укажува на узурпирање на зелениот појас пред Вила„ Билјана“ и Хотел „Лебед“.

 |  Валентина Нелоска  | 
parking
паркинг

За овој проблем, редакцијата на ТВМ  во неколку наврати известуваше за безмилосната узурпација на зелениот појас. Но, со амин на советниците од минатиот состав, кои го изменија деталниот урбанистички план за крајбрежјето, се дозволи градба на  паркинг простори на потегот од хотелот Ројал до хотелот Стил Гарден.  

parkingБидејќи касата на локалната самоуправа немала пари за  оваа намена тоа право им беше отстапено  на хотелиерите сами да  инвестираат во градењето на паркинг просторите пред нивните објекти.
Објективот на нашата камера денес не регистрира ништо ново. Пред сите хотели е изграден простор за паркирање.

Реакцијата на  загрижениот гледач, кој вината ја гледа во општинскиот инспекторат, е задоцнета. Градбата на паркинзите е легална. Иако граѓаните се чудеа, дел од советниците негодуваа, а градоначалникот беше дециден – во проширување на улицата нема ништо диво.
Сепак, останува горчливата реалност  дека ова е само еден пример со кој граѓаните на Охрид не можат да се помират,  како и фактот дека градот станува заложник на мегаломанските интереси на  градежните инвеститори кои го узурпираат зеленилото, но и секоја слободна површина.

{loadposition content9}