Skip to main content

Тесно грло во здравството

Поголемиот дел од болниците во моментов тесни грла во информирањето од јавен карактер.

 |  Билјана Наумоска  | 
Пациентите мора максимално да бидат запознаени со сите права и услуги кои ги нудат здравствените организации како би се одбегнале секојдневните недоразбирања.
Граѓаните многу тешко доаѓаат до информации за тоа што се случува во здравството.Болниците се институции кај кои задолжително се налага потреба од јавна комуникација, на одговорно лице за потребите од информативен карактер. Корисниците на здравствените услуги се на став дека треба да има одговорен човек на чија адреса ќе одат сите барања и истите ќе бидат доследно презентирани во јавноста. Повеќето од нив имаат забелешки на работата во болниците, некои позитивни а некои негативни.

 


Досега праксата зборува дека информирањето од здравствените институции во градот затајува на што се свесни и одговорните менаџерски тимови. Од неодамна Општата болница Охрид има свој гласноговорник Др по интерна медицина Сашо Василевски, кој за ТВМ изјави дека добра е нашата иницијатива што го актуелизираме тоа прашање. Василевски истакна, Општата болница Охрид во секое време е отворена за комуникација, посебно со новинарите, кои претставуваат основен креатор на јавното мислење.
Одговорноста на портпаролот посебно во здравствените институции има голема важност и одговорност. Само така би се одбегнале кулоарските или чаршиските муабети каде се плетат најразлични приказни, за иста работа вистинита или не.