Skip to main content

Продолжува бучавата од кафулињата

До сега надлежните многу малку имаат направено за решавањето на овој проблем, велат граѓаните.

 |  Тања Кувенџиска  | 
fonometar
фонометар
Странските гости ги откажуваат резервациите за сместување во стариот дел од градот. Прегласната музика од околните кафулиња, спиењето во овој дел од градот го прави невозможно, велат тие. Никаде во светот нема толку гласна музика онаму каде престојуваат гостите. За жал, на овој начин се уништува романтиката која некогаш беше белег на Охрид, потенцира брачен пар од Германија, кој години наназад престојува во една од куќите на самиот брег од езерото.

Со ваквите изјави во целост се согласува нивниот домаќин, Павел Филев.

Ohrid„Никој не е против тивката музика од рестораните, но буката од кафулињата е неподнослива. Закон постои веќе две години, проблем е што не се спроведува. Се јавуваме во полиција, од таму не нарекуваат невротични или пак велат- зошто да доаѓаме кога никој не е истепан“ , објаснува Филев.   

„Проблемот со бучавата од кафулињата постои со години. До сега надлежните многу малку имаат направено“.
Од општинскиот инспекторат го повторуваат истото објаснување, кое го слушаме години наназад.

„Бучавата во кафулињата постојано се мери. Ќе се спроведат најмалку по 3- 4 мерења во еден објект. Строги санкции ќе следат за секој кој не го почитува законот“, вели Танас Танасоски, Општински инспекторат- Охрид.

Граѓаните од стариот дел на градот најавуваат и потпишување петиција со која од градоначалникот Петрески ќе бараат да не се продолжува работното време на кафулињата. Се надеваат дека со тоа, делумно би се решил проблемот.

 

{loadposition content9}