Skip to main content

Во Охридската болница ќе работи центар за лекување на тироидната жлезда

Од нарушување на тироидната функција страдаат голем број охриѓани. Испитувањето на оваа мала, но доста важна ендокрина жлезда по здравјето на луѓето засега не се прави во Охридската Јавна здравствена установа „Општа болница“.

 |  Валентина Нелоска  | 
tiroida
тироида
Од нарушување на тироидната функција страдаат голем број охриѓани. Испитувањето на оваа мала, но доста важна ендокрина жлезда по здравјето на луѓето засега не се прави во Охридската Јавна здравствена установа „Општа болница“.

tiroidaОколу 6000 пациенти од Охрид  имаат проблем со оваа штитната жлезда, а мора да се лекуваат во Клиничките  центри  надвор од Охрид. Сега Охриѓани кои имаат проблем со работата на оваа жлезда ќе може да здивнат. Ќе се реши проблемот со чекање и  патување во клиничките центри во Скопје или Битола најавуваат од Охридската Јавна здравствена установа „Општа болница“. Од таму велат решавањето на овој проблем на раководството на болницата  е приоритет.

Очекуваат деновиве да пристигне апаратот сонда за тироидната жлезда, а решен и проблемот со просторот каде што ќе биде сместен центарот изјави д-р Сашо Василески, раководителот на  интерното  одделение. Инаку , штитната жлезда  синтетизираа два основни хормони: тироксин и тријодтиронин. За нивната синтеза се потребни големи количества на јод, а охридското подрачје важи за едно од посиромашните со овој хемиски елемент. Хиперфункцијата на штитната жлезда доведува до појава на Базедова болест, а хипофункцијата во раниот развиток доведува до појава на ментално и физичко заостанување – кретенизам. Кај возрасни луѓе, поради намаленото лачење на тироидните хормони, доаѓа до намалување на метаболизмот, намалување на телесната температура, груба и отечена кожа, забавени реакции.

 

{loadposition content9}