Skip to main content

Се менува законот за домување

Станарите од зградата на улица Мирче Ацев број 33, влез 2 се едни од ретките кои се грижат за одржување на влезот и дворната површина.

 |  Валентина Нелоска  | 
list
лист
Станарите од зградата на улица Мирче Ацев број 33, влез 2 се едни од ретките кои се грижат за одржување на влезот и дворната површина.

vrataОд 20 станари ,16 редовно ги подмируваат 150-те  денари кои се собираат месечно за одржување на влезот. Жителите од овој влез се и ретките каде што функционира куќниот совет и каде што се почитува постојниот Закон за домување вели благајникот Миле Цветкоски. Според Законот за домување, секоја станбена зграда во која има повеќе од двајца станари мора да формира Куќен совет. Многу од станарите во зградите не го почитуваат законот иако со него се решаваат проблемите поврзани со хигиената и одржувањето на влезот и просторот пред објектот. Не се почитува нити законска обврска станарите да назначат домар, кој ќе биде сместен во одделен простор на влезот од зградата. Таков пример  во Охрид  нема. Во моментов се прават измени на Законот за домување. Со измените куќните совети ќе мора да се регистрираат како правни лица и ќе мора да назначуваат управител. Тој ќе раководи со парите за одржување на зградата.

Со предлог Законот за домување, за прв пат им се дава на општините ингеренции во оваа сфера. Општините ќе можат да основаат  фондови за изградба на социјални станови. Од локалната самоуправа го подржуваат секој позитивен чекор на законодавецот. Со предлог измнеите на законот за домување се предвидува да се регулираат и низа пропусти кои досега не беа опфатени , а како што се закупничките односи. Со иземните за прв пат ќе се воведе и регулаторно тело кое ќе ги категоризира становите на државно ниво, ќе се грижи за правата на купувачите на станови и ќе ја проверува висината на непрофитната закупнина.

 

{loadposition content9}