Skip to main content

Пензионерите како спортисти

130 пензинери од југозападниот регион на Македонија денска учествуваат на 14 регионални спортски натпревари.

 |  Татјана Маленкова  | 
karti
карти
130 пензинери од југозападниот регион на Македонија денска учествуваат на 14 регионални спортски натпревари.

Пензионерите од Охрид, Струга, Кичево,Македонски брод и Лабуншта се натпреваруваа во 11 дисциплини. Со задоволство ги очекуваме овие игри, поради дружењето со наши врсници, од овој регион, велат учесниците на средбата. 

penzioneri130 пензинери како спортисти и над 200 гости, денеска во Охрид се дел од 14 тите регинални спортски пензионерски игри.Целта на средбата на прв поглед се покажување добри резултати по екипи, но суштината на игрите е средба и дружење на врсниците од четвртиот  регион.Учесните на урите презадоволни и од сребата и од постигнатите резултати.

Охриѓанката Наумка Менезеќ, пред наколку години беше добитник на златен медал во дисциплината брзо одење, на спортските игри на ниво на Р Македонија. Годинава таа се натпреваруваше во дисциплините фрлање пикадо и домино.

Здружението на пензинери од Охрид се натпреварува во сите 10 дисциплини. Ние сме презедоволни од резултаите кои ги постигнуваат нашите спортисти, вели претседателот на комисијата за спорт при здруженито на пензионери.

Многу сме задоволни што пензионерите ширум македонија се повеќе ги прифаќаат овие дружења. Посебно сме горди што ЗП од Охрид во соработка со Сојузот на пензионери на РМакедонија се иницијатори за спортските пензинерски игри, вели претседателот на ЗП.

Во Албанија немаме вакви игри. Пензионерите се дружат, но за организирање на вакви аквиности треба многу пари, а ние не сме во можност тоа да финансиски да го покриеме, вели претседателот на конфедерацијата на синдикатот на пензионерите од Поградец, кој денеска беше споцијален гостин.

Спортските пензионерски игри во име на градоначаникот на Охрид  ги отвори неговиот советник, Митре Велјаноски. Тој истакна дека е изненаден од големината на желбата и мотивот на натпреварувачите,  кои се натпреваруваат и покрај жешкото време.

Пред почетокот на регионалните пензионерски спортски натпревари и игри, ЗП и општините Дебарца и Охрид потпишаа трилатерален договор за соработка. Договорот е од потпишаа претседателот на ЗП и градоначалниците на Охрид и Дебарца.

 

{loadposition content9}