Skip to main content

Здружението на пензионери и локалните самоуправи потпишаа спогодба

Здружението на пензионери и локалните самоуправи од Охрид и Дебарца, потпишаа спогодба за соработка.

 |  Татјана Маленкова  | 
Здружението на пензионери и локалните самоуправи од Охрид и Дебарца, потпишаа спогодба за соработка.

Градоначалниците на Охрид и Дебарца,Александар Петрески и Љупчо Кујчиноски  и претседателот на здружението на пензионери,Ѓорѓи Трпчески, потпишаа спогодба за соработка. Во неа општините се обврзаа на постарата категорија да им ги подобат севкупните услови за живеење, а тие пак, на подмладокот треба да му ги пренесат своите позитивни искуства од животот.

penzioneri„Еден од најзначајните проекти кој е зацртан во програмата на градоначалникот на Охрид е изградба на дом за стари лица“, вели советникот на Петрески, Митре Велјаноски.

Од Здружението на пензиоери презадоволни и од досегашниот однос на градоначалниците кон нив, но велат со овој проект, нашите потреби комплетно ќе бидат задоволени.

„Деталите за изградбта на овој дом, кој  навистина недостасува  во овој регион, се прецизирани во спогодбата“, вели претседателот на извршниот одбор на ЗП.

Инаку како што ТВ М веќе објави,Регионаланиот центар за пензионери, според урбанизтичкиот план на градов ќе биде сместен во населбата Даљан. Објектот Дом за пензионери според плановите ќе опслужува околу 100 лица од Охрид, Струга и Ресен. Овој центар покрај тоа што ќе ги заштити граѓаните на кои им изминал реботниот век, во него ќе бидат вработени и над 50 лица.