Skip to main content

Смет и нечистотија пред охридските плажи

„Концесинерите не се придржуваат на законот за јавна хигиена и комунален отпад“, обвинува директорот на ЈП охридски комуналец.

 |  Татјана Маленкова  | 
Saso Alcev
Сашо Алчев
„Концесинерите не се придржуваат на законот за јавна хигиена и комунален отпад“, обвинува директорот на ЈП охридски комуналец.

Тој додава дека ова претпријатие ќе го подигнува сметот, само доколку концесионрите склучат договори со нив,  за подигнување, транспорт и депонирање на комуналниот отпад.

plazaВлезовите од Охридските плажи, кои што се дадени под концесија затупани со смет.  На оваа непријатна глетка реагираат сите, но на погрешно место.

„Годинава никој од концесионерите на плажите иако се почнати со работа немаат побарано услуга подигнување, транспорт и депонирање на комуналниот отпад. Законот предвидува -секој кој користи ваква услуга должен е да склучи договор со нас“, вели директорот на ЈП Охридски комуналец.

Алчев појаснува дека секоја година ЈП склучува договор со автокамповите, редовна пракса е вакви времени договори да се потпишуваат и со управителите на хотелите. Меѓутоа со концесионерите на плажите не е потпишан никаков договор, додава тој. Ние сме јавно претпријатие кое врши комунални услуги. Доколку тоа од нас е побарано,  веднаш ќе реагираме, меѓутоа доколку никој не побара, на потег стапуваат инспекциските служби, истакна Алчев. Тие ќе ја констатираат фактичката состојба, а потоа ќе издадат налог, за остранување на сметот, за што ќе платат и голема казна,додаде директорот.
„Вообичаено, претходните години имавме склучено времени договори со ЈП Охридски комуналац. Работата се одвиваше доста коректно од двете страни, вели концесионерот на плажата Акапулко Љупчо Нечковски.

Плажите мора да бидат кристално чити, доколку сакаме туристите да ги посетуваат, додава Нечковски. Закупците на плажата Акапулко, навистина беспрекорно се грижат за хигиената на плажата, што не  е случај со другите плажи. Ова е отценката на охриѓани но и на посетителите на оваа атрактивна плажа.

{loadposition content9}