Skip to main content

Ѓубрето в џеб на Плаошник и Самоилова тврдина

Туристите кои при посетата на Плаошник или Самоиловата тврдина се освежуваат со вода, сок или сладолед нема каде да ги фрлат отпадоците.

 |  Валентина Нелоска  | 
kanta
канта
Туристите кои при посетата на Плаошник или Самоиловата тврдина се освежуваат со вода, сок или сладолед нема каде да ги фрлат отпадоците.

ulicaНа двата крака на улицата Кузман Капидан во стариот дел од градот кои водат до овие два објекти  никаде нема корпи за отпадоци. Од  ЈП Комуналец велат дека досега немаат налог од секторот за урбанизам за нивно поставување. Сашо Алчев, в.д директор на ЈП Комуналец е дециден дека тие не поставуваат урбана опрема како што се корпите за отпадоци. Проблемот го посочуваат кај секторот за урбанизам.

Кога ќе се постават на овие улици корпи побаравме одговор од секторот за урбанизам. Од таму велат дека ќе направат напор проблемот да го решат. Велат пропустот е во сеуште не изработената нова програма  за поставување на урбана опрема. Од ЈП „Комуналец“ бараат соработка да им достават барање на кои локации и какви садови да постават.
Додека се постават корпите за отпадоци , туристите отпадот ќе го фрлаат каде ќе стигнат или пак посовесните ќе го носат в џеб. Затоа пак од ЈП Комуналец како новина од оваа година имаат ангажаирано дежурни служби кои ќе се  грижат за јавната хигиена. Во централното градско подрачје дежурните служби ќе чистат  во периодот од 11.00-24.00ч., а во Стар Град од 10.00-16.00ч.

{loadposition content9}