Skip to main content

Звучен семафор за слепите лица

Со поставениот звучен семафор на раскрсницата кај Мини маркет на слепите лица им се овозможува побезбедно движење во сообраќајот.

 |  Валентина Нелоска  | 
semafor
семафор
Со поставениот звучен семафор на раскрсницата кај Мини маркет на слепите лица им се овозможува побезбедно движење во сообраќајот.

semaforЗасега ваков семафор има на пресекот на Булевар Туристичка и Јане Сандански во два правци, а се планира оформување и на преостанатите два како и на помошните краци. Поставената звучна сигнализација е проект на  Републичкиот и Општинскиот совет за безбедност на патниот сообраќај. Комплетно ќе бидат опфатени двете раскрсници, покрај онаа кај Мини маркет ќе се постават звучни семафори и на раскрсницата кај Охридска банка.  
Постојано сообраќајната сигнализација во градот се осовременува. Локалната самоуправа според своите можности ги прати примерите во светото и им го олеснува животот на слепите лица. Трендот на осовременување на охридските сообраќајници продолжува. Во општинскиот буџет за оваа намена  годинава се предвидени  220.000 денари.

 

{loadposition content9}