Skip to main content

Стравот го чува лозјето

Заклучно се денес 1435 станоиздавачи ја исполнале законската обврска за категоризавија на приватните соби и апартмани од мал обем.

 |  Николовска Биљана  | 
logo
лого
Заклучно се денес 1435 станоиздавачи ја исполнале законската обврска за категоризавија на приватните соби и апартмани од мал обем.

Инспекторите за туризам велат дека тоа се должи на нивниот труд, а од ЛЕР пак, дека приватните станоиздавачи сериозно ја сватиле работата.

objekt80 % од приватните станоиздавачи годинава одговориле пред законот за категоризација. Секој ден се пријавуваат нови лица кои ја исполнуваат законската регулатива за пријавување на своите станови или апартмани. Во секторот за Локален економски развој секој ден се менува бројката на новопријавени станоиздавачи што е позитива, за градот и туристичката сезона, велат од таму.

Соработниците за туризам секојдневно на терен се соочуваат со зголемен обем на работа. Велат дека изненадува податокот што годинава има голем интерес и од населбите во Охридскиот регион.

„Фактот дека оваа сезона се повеќе се врши  категоризација, зборува дека инспекцијата по туризам, добро работела на терен“,  вели Ѓоко Сошански стручниот инспектор по туризам.

Се очекува на крај од сезонава бројот на евидентирани гости да ја прикаже реалната состојба за туристи кои престојувале во градов,а не како годиниве наназад кога податоците се сведуваа на слободна проценка. Се очекува општинската каса конечно да се наполни по основ на евидентирани гости. 

 

{loadposition content9}