Skip to main content

Дамјан Пејчиноски се врати задоволен од Лондон

Генијалниот гитарист Дамјан Пејчиноски задоволен се врати од музичкиот настап на „Гитар Идол“ во Лондон.

 |  Валентина Нелоска  | 
Damjan Pejcinoski
Дамјан Пејчиноски
Генијалниот гитарист Дамјан Пејчиноски задоволен се врати од музичкиот настап на „Гитар Идол“ во Лондон.

Дамјан  Пејчиноски се врати задоволен од  Лондон, Велика Британија каде што  настапуваше  на Интернационалниот  музучки фестивал „Гитар Идол 2009“.

Damjan PejcinoskiТој е задоволен од целиот спектакл, технички се се одвивало без пробелеми. Единствено  неочекувано било наместо жирито да се гласа на он-нет и за жал се спречило голем број од кандидтаите од помалите земји да имаат можност за победа ги објаснува своите впечатоци  од натпреварот Пејчиноски.

На иста сцена освен со 11 финалисти од целиот свет,  тој настапил и со светски познати музичари како што се Стиви Вај, Нико мек Брајан, Јан Акерман, Стиви Смит, Фил Хилборн. Четиридневниот музички фестивал во Лондон е вистинска пресвртница во неговата музичка кариера. Настапот на овој фестивал му овозможи многу контакти со познати музичари кои се заинтресирале да ја следат неговата музичка кариера. Инаку на музичкиот фестивал Гитар Идол во Лондон, Пејчиноски потенцира дека свирел под уставното име Македонија. Тој во моментов подготвува нова песна, а за шест месеци најавува од неговата музичка работилница и албум.

{loadposition content9}