Skip to main content

Отпад за пловни објекти

Каналот Студенчишта во моментов наликува на гробишта за стари бродови, обвинуваат спортските риболовци од Св Апостол Петар-Охрид.

 

 |  Николовска Биљана  | 
gliser
глисер
Каналот Студенчишта во моментов наликува на гробишта за стари бродови, обвинуваат спортските риболовци од Св Апостол Петар-Охрид.

Тие деновиве преку барање до највисоките државни инстанци, упатија сериозни опомени за критичната состојба со каналот Студенчишта.

kanalМакедонскиот „џет-сет“ ја уништува флората и фауната во каналот Студенчишта, обвинуваат Риболовците од Спортско рекреативниот клуб Св Апостол Петар. Тие деновиве јавно го подигнаа својот глас до Министерството за Транспорт и врски и до останатите високо државни органи да се забрани закотвување на глисери и бродови во водите на каналот. Председателот на охридските риболовци Радован Димитриевски вели дека на каналот му престои катастрофа од невидени размери доколку се продолжи со неодговорноста на надлежните.

Каналот Студенчишта моментално претставува деградиран простор. Сеуште има време да се превземат активности со цел ова место да прерасне во атрактивна туристичка понуда велат спортските риболовци, замајќи го како пример Кејот на реката Црни Дрим во Струга.

Во барањето до Владата и до надлежните министерства вклучувајќи ја тука и локалната самоуправа, спортските риболовци ја потенцираат и потребата од дислокација на седиштата на Полицијата и Тренинг центарот на вода на Армијата на РМ од брегот на каналот. Тие велат дека Армијата наплаќа простор за закотвување, иако истата не е регистрирана за вршење на таква дејност. Тука се нагласува и наплаќањето на нерегуларно поставените рампи за спуштање и вадење на глисерите.
Давањето под концесија на каналот би бил добар излез спас на животот во каналот сметаат риболовците. На потег е сега МТВ кое е клуч за излез од ваквата незавидна состојба на каналот.

{loadposition content9}