Skip to main content

Поскапија нафтата и нафтените деривати

Експертите велат дека ова пред се се должи на настабилнта политичка состојба во Иран. Тие смируваат дека потреба од паника нетреба да има бидејки на долг рок гледано се очекува стабилизација на цената на нафтата на светските берзи.

 |  Татјана Маленкова  | 
benzin
бензин
Експертите велат дека ова пред се се должи на настабилнта политичка состојба во Иран. Тие смируваат дека потреба од паника нетреба да има бидејки на долг рок гледано се очекува стабилизација на цената на нафтата на светските берзи.

Од синоќа на полноќ бензините  поскапеа за два, а  дизелот за 2,5 денари за литар.Граѓаните се жалат, автомобилите ни се неопходни, а стандардот ни е премал за олку скапо гориво.

benzinska pumpaНафтата и нафтените деривати се берзански производ и со нив се тргува на светските стокови берзи. Како и на секој производ, така и овде, цената зависи од понудата и побарувачката. Во Македонија, цената на нафтата се формира според методологија која ја изработува регулаторната комисија за енергетика. Оваа методологија треба да го следи движењето на цената на нафтата и движењето на курсот на денарот во однос на доларот, бидејки нафтата се купува со американски долари, вели проф. д-р Климе Попоски од ФТУ.

Спротивно на ова тврдење, извори на Тв М кои сакаат да останат анонимни велат дека Оправданоста за зголемување на цената на нафтата и нафтените деривати е исклучиво од фискален приход.Владата на овој начин во голема мера може и ги зголемува приходите во буџетот. Доцент Попоски не се сложува со овие констатации.

Регулаторната комисија врши корекција на цената на нафтата на секои две недели. Последниве неколку месеци се бележи пораст на нафтата, но се надеваме дека нема да се повтори  2008 год, кога цената на нафтата постигна кулминација и се искачи до 100 долари за барел.

Инаку Од ноќеска на полноќ Според одлуката на  Регулаторната комисија за енергетика, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР (95) ќе изнесува 63,00 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР (98)  64,00 ден/лит, додека цената на МБ(96) ќе изнесува 66,00 ден/лит. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е IV) ќе се продава по цена од 49,50 ден/лит, а Екстра лесното ќе чини 38,50 ден/лит.

 

{loadposition content9}