Skip to main content

Си направил гарсониера!

Узурпирана заедничката просторија на станарите од комплексот згради кај Билјанини извори.

 

 |  Николвска Билјана  | 
dupka
дупка
Наместо со новиот закон, да се обезбеди простор за домар, градителот го одзема веќе постоечкиот, обвинуваат станарите. Сопственикот на Трудбеник на чија адреса се обвинувањата, вели дека некој по се изгледа ги помешал поимите.

Станарите на комплексот на згради кај Биљанини извори реагираат дека без никакво предупредување им се одзема заедничката просторија која законски треба да ја поседува секоја зграда. Овој простор 26 години го користевме ние а сега некој сака да го узурпира, велат тие.

zgradaЈовановски вели дека со измените на законот за домување, градителот задолжително во стамбените згради треба да  обезбеди заедничка просторија за домар, а во конкретниов случај веќе постоечката им се одзема.

Директорот на Трудбеник Ацо Спироски на чија адреса се упатени обвинувањата, изјави дека од нивна страна уредно е повикана председателката на куќниот совет Верче Стојаноска, која живее во Битола, со цел да ја запознаат со реалната состојба за спорниот простор. Спироски вели дека секој  има право да ја побара правдата но во овој случај некој ги измешал поимите.

Спироски рече дека спорниот простор е наменски на фирмата „Трудбеник„, за кој таа одлучува што ќе прави, и во тој дел ниту еден субјект нема право да се меша. Спироски додаде, дека станарите на овој комплекс поседуваат заеднички  простор од 7 метри квадратни кој е во нивна сопственост и никој не може да им го одземе.

 

{loadposition content9}