Skip to main content

Кој ја сака Проаква?

Растат апетитите за управување со МЈП Проаква.

 |  Николовска Билјана  | 
logo
лого
Од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница обвинуваа дека во Проаква недомаќински се работи, a првиот човек на Проаква, Бранислав Трпчевски, рече дека во претпријатието не тече мед и млеко, но се работи регуларно што е покажано и бред бројните ревизии.

По однос на усвојувањето на тромесечните финансиски извештаи за работењето на Проаква, на денешната седница на советот на општина Охрид, настана голема дискусија со сериозни обвинувања. Тука генерално политиката по се изгледа има добро вмешано прсти. Советничката на ВМРО-ДПМНЕ Јованка Дамоска посочи низа забелешки во врска со менаџирањето со фирмата и одговорните на истата.

cevkiЈоне Станкоски од редовите на ВМРО-НП, предложи заклучок за надминување на загубите во Проаква. Тој иатакна дека конкретно за претпријатието огромна вина носи како локалната така и дел од министерствата.

Во МЈП Проаква не тече мед и млеко, но работењето на истата е одговорно и крајно исправно пред највисоките државни контролни системи изјави првиот човек на Проаква Бранислав Трпчески.

Најверојатно крајниот епилог за надминување на состојбите со Проаква ќе биде неминовната поделба, затоа што добро е познато дека Струшкиот дел работи со огромни загуби, кои во моментов ги покрива рентабилното работење на Охридското ЈП.

 

{loadposition content9}