Skip to main content

Отворање на општински центри за услуги

Отворени општинските центри за услуги на граѓаните, во Охрид и Струга.

 |  Татјана Маленкова  | 
Fuere i Petreski
Фуере и Петрески
Со овие т.н предни канцеларии Охрид и Струга се вброја во редот на ретките градови чии локални власти на современ начин комуницираат во секојдневното решавање на предметите и барањата на граѓаните.

Во Охрид и Струга, од денеска официјално започнаа со работа општинските центри за услуги. Почетокот на работата на сервисниот центар го означија градоначалниците на Охрид и Струга, Александар Петрески и Рамиз Мерко и евроамбасадорот Ерван Фуере.
„Новиот општински центар за услуги е од големо значење за Охриѓани, а особено за граѓаните од околните населени места, кои ќе можат на едно место да ги поднесат барањата од каде и ќе ги добиваат потребните документи, истакна градоначалникот Петрески.

otvaranjeТој објасни дека во иднина граѓаните од Трпејца, Пештани, Косел не ќе има потреба да доаѓаат во Охрид за да подадат документи туку тоа ќе можат да го сторат во подрачните центри во местата на живеење“, истакна Петерски.

Овој ценатр и за Сружни претствува одлична можност, за граѓаните да можат за краток период да ги решат своите барања и проблеми, вели градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко. Тој додава дека администрацијата е потполно подготвена за новиот начин на работа.

„Ова е конкретна подршка на ЕУ на процесот на децентрализацијата и подобрување на квалитетот на услуги кои на локално ниво ќе ги добиваат граѓаните“, истакна евроамбасадорот Ерван Фуере.

Тој изрази надеж дека граѓаните во иднина преку сервисниот центар ќе можат многу полесно на едно местода ги добијат сите потребни документисо завидно ниво на услуги од страна на општинската администрација. 

Инаку општинскиот Центар за услуги на граѓаните во Охрид и Струга, се дел од 36 те вакви центри кои се отворени во државава, со финансиска помош од Европска Унија.

 

{loadposition content9}