Skip to main content

Мирна и безбедна сезона во Охрид

Законските регулативи за почитување на работното време на локалите, ноќните клубови и барови како и присуството на малолетни лица и нивно алкохолизирање тема на состанокот на кој беа присутни стручни лица од областа на полицијата, инспекциските служби и секторот за екологија.

Законските регулативи за почитување на работното време на локалите, ноќните клубови и барови како и присуството на малолетни лица и нивно алкохолизирање тема на состанокот на кој беа присутни стручни лица од областа на полицијата, инспекциските служби и секторот за екологија.

inspektoriМирна и безбедна сезона во Охрид. Ова го ветуваат вработените во Свр Охрид, но и сопствениците на ноќни локали, барови, кафулиња и дискотеки. Тони Филипов Виш инспектор при СВР Охрид на денешниот состанок со споменатите субјекти најави организирано започнување на летната сезона.
Еден од клучните проблеми со кои се судрува полицијата е задржување на малолетни лица по огреничувањето од 24часот и нивно алкохолизирање.

Казните за ваквото прекршување на законот се движат од 1500 до 2000 евра и ќе одат на сметка на сопствениците на локалите. Соодветни казни се предвидени и за нарушување на јавниот ред и мир најави Добре Петрески командир при СВР.

Казните пак за пречекорување на работното време изнесуваат 2500евра, а наредното санкционирање ќе донесе затворање на локалот.
Висината на лиценцата за работа изнесува 2500евра и е најниска во споредба со останатите градови напоменаа од пазарниот инспекторат.

Околу дозволената висина на бучавата и штетноста од долготрајно изложување на истата проговори Љиљана Спироска представник на минастерството за животна средина и екологија. Представниците на сите сектори присутни на состанокот ветија дека законската регулатива максимално ќе се спроведува,а секако ќе се потрудат да најдат заеднички јазик со сопствениците на локалите за што поуспешно работење во текот на сезоната.

 

{loadposition content9}