Skip to main content

Свинскиот грип не ја заобиколи Македонија

Случајот на 4 годишно дете од Прилеп ја вознемири македонската јавност.

 |  Николовска Биљана  | 
logo
лого
Случајот на 4 годишно дете од Прилеп ја вознемири македонската јавност. Место за паника нема, велат медицинските тимови на Охридскиот аеродром.

Досега нема пријава на авио екипажот за патник со сомнителни симптоми. Охриѓани со поделени ставови, но повеќето се оптимисти.

epruvetaСвинскиот или мексичкиот грип наголемо го тресе светот од епидемиолошки размери. Се појави и во нашата држава. Температура поголема од 38, кашлање, болки во грлото и телото, главоболка, треска, повраќање и пролив се симптомите на грип. За жал еден од овие симптоми може да биде показател и за новиот тип на вирусот А Н1Х1. Деновиве и во Македонија се крена голема фама за 4 годишното дете од Прилеп дека е заболено од вирусот на типот А. Тоа е потврдено и со јавна информација од надлежните во министерството за здравство. Медицинските тимови на Охридскиот аеродром будно ја следат состојбата на аеродромот, работат со  засилено темпо на превенција и велат дека нема да дозволат да се провлече патник со препознатливи симптоми.

„Веднаш ќе бидат превземени соодветни мерки“ вели Др Лидија Илиевска.

Наскоро на двата аеродроми ќе бидат поставени термо камери. Истите ќе бидат во својство на мерење на телесната температура на патниците, како би се олеснала работата на одговорните служби за медицински третман, велат од Охридскиот аеродром

Нашите сограѓани не стравуваат од епидемија на грипот во Македонија. Тие се со поделени ставови, некои велат дека има место за паника некои велат не.

Со целокупната состојба околу свинскиот грип во Македонија, има многу олоснителни состојби. Тоа се транспарентните и точни информации од надлежното министерство, доволната колочина на лекот Тамифлу, и изјавите од типот дека мал е процентот на смртност.

 

{loadposition content9}