Без канализација
Приградските населби во Охрид и ова лето останаа без канализациона мрежа.
Исто толку време помина и од ветувањето на Министерот за транспорт и врски дека ќе помогне да се реши овој проблем.
Од локалната самоуправа потврдуваат дека до денес од Републичкиот Фонд за патишта нема издадено дозвола и работите сеуште тапкаат во место. Главните канализациони цевки треба да поминат на дел од регионалните патишта Охрид-Битола и Охрид – Скопје, а за вршење вакви градежни работи зелено светло треба да даде државата. Од одделението за комунални работи при локалната сампоуправа велат дека од нивна страна се преземени сите активности за решавање на овој горлив проблем за жителите од овие приградски населби. Преземени се сите напори проблемот да се реши со подземно бушење, но подземните стени не го дозволуват тоа подвлекува Шикалоски. Државата треба да реагира затоа што се работи за доброто на Охрид. Најголем дел од земјоделските производи на охридскиот пазар доаѓаат токму од овие населени местаи работите мор ада ес завршат што поскоро порачува Шикалоски. Инаку и локалната самоуправа и Владата во своите буџети за оваа година издвоија неколку милиони евра за доизградба на канализациона и водоводна мрежа во повеќе места во Охрид и околината.
{loadposition content9}