Skip to main content

Позицијата на Вервезоски сигурна

Владо Чингоски е новиот член на кабинетот на Петрески, и ќе го советува градоначалникот од правен аспект. Со тоа не е загрозено моето место вели Димитрија Вревезоски.

 |  Николовска Биљана  | 
Dimitrija Vrevezoski
Димитрија Вревезоски
Владо Чингоски е новиот член на кабинетот на Петрески, и ќе го советува градоначалникот од правен аспект. Со тоа не е загрозено моето место вели Димитрија Вревезоски.

Правно административен советник за прв пат во кабинетот на градоначалникот Петрески. Од неодамна екс председателот на советот на општина Охрид, Владо Чингоски ја доиби одговорноста да се грижи околу правните одлуки на советот. Старешинското место на секретарот не е загрозено вели Чингоски и додава дека тој се јавува  исклучиво во советодавна улога на кабинетото на градоначалникот.

sovetСе става крај на бројните шпекулации кои на големо се ширеа во јавноста, дека Чингоски ќе биде новиот секретар на општина Охрид.

Потребата на правен советник е од големо значење вели Чингоски. Тој додава дека досега одлуките кои што се носеле во секторите биле формално правно разгледувани, а од интерес за граѓаните е детална обработка

Зголемувањето на капацитетот на општинската администрација, работата на општинскиот совет се дел од приоритетите на кои во иднина ќе се посвети новиот правен советник. Очигледно овој совет со вакво мнозинство ќе има потреба од пренесување на искуство и разјаснување на одредени ситуации вели Чингоски.

 

{loadposition content9}