Skip to main content

Подготовките за фестивалот Охридско лето пред крај

Од дирекцијата на фетивалот велат дека годинешново издание ќе понуди многу квалитетна програма, за која билети се бараат насекаде во светов. За прв пат годинава една претстава ќе се одигра и на новата сцена Залив на коските.

 |  Татјана Маленкова  | 
logo
лого
Од дирекцијата на фетивалот велат дека годинешново издание ќе понуди многу квалитетна програма, за која билети се бараат насекаде во светов. За прв пат годинава една претстава ќе се одигра и на новата сцена Залив на коските.

Деновиве од печат треба да излезат фестивалските брошури, како и сите останати пропратни елементи кои се потребни за добро информирање на посетителите на фестивалот.Граѓаните видно задоволни од фестивалската понуда.

crkvaЗа свеченото отворање на фестивалот има само уште малку билети, вели директорот на фестивалот Тони Симоноски.

Годинава ќе бидат одиграни 12 драмски претстави, ќе се одржат многу концерти, ликовни изложби, а за помладата публика од фестивалот нудат и богата ОФФ програма.

Драмските претстави секогаш предизвикуваат огромно внимание и од публиката и од критиката. Годинава акцентот е ставен на балканските земји, но за изненадување на публиката на фестивалот присутен ќе биде и Роберт Вилсон од Италија, што во светски рамки претставува врв во драмскиот театар. Голем интерес кај публиката предизвикува претставата Бура на Влаглен Александров, која во Бугарија беше закитена со ГРАН ПРИ, а од од нашите режисери, петставата Александар, од Љубиша Ѓеоргиевски. На новата сцена заливот на коските, ќе се одигра Крпен живот од Владо Цветеноски.Изложбите се повеќе го завземаат своето место на фестивалот охридско лето. Пред свеченото отворање, изложба ќе има познатиот охридски уметник Славчо Упевче кој годинава прославува 40 години од своето творење. Вредни за споменување се и  Сергеј Андреевски кој во Охрид ќе ја прикаже изложбата што ја твореше во Парис, како и Стефан Хаџиниколов. Од дирекцијата на фестивалот најавуваат дека за свеченото отворање ќе присуствува дипломатскиот кор од зејјава и странство, бизнис елитата како и многу гости од германија, Албанија, Србија, Црна Гора, Софија и Израел.   

 

{loadposition content9}