Skip to main content

ЈП Комуналец во пресрет на туристичката сезона

Серија новини најавуваат од ЈП Комуналец во пресрет на туристичката сезона.

Saso Alcev
Сашо Алчев
Хигиената во градот на завидно ниво, а граѓаните со ситни замерки задоволни од  работата на ова претпријатие.

Со почетокот на туристичката сезона јавната хигиена во Охрид ќе се одржува секојдневно, вклучувајќи ги и викендите. Сликите на преполни контејнери ќе се сретнуваат се поретко најавуваат од комуналното, а сведоци на истото ќе бидат граѓаните кои со мали замерки се се позадоволни од работата на ова претпријатие.

Saso AlcevОд ЈП Комуналец најавуваат низа новини со кои ќе се подобри чистотата во Охрид. Променети се навиките на вработените и максимално сме посветени на одржувањето на хигиената во градот најавува Сашо Алчев дир. на комуналното.

Потребата за соработка на ЈП Комуналец со сите чинители останува отворена со што би се подобрила хигиената во градот. Ќе се случи да се повтори слика на преполни контејнери меѓутоа тоа нема да биде по наша вина надополнува Алчев и апелира за соработка на граѓаните. Туристичката сезона е во тек па во таа насока треба де се движи и придржувањето до редот од страна на граѓаните,а секако и почитување на сообраќајните правила со што би се олеснил пристапот на возилата за одржување на хигиена.

 

{loadposition content9}